Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно тело на демократска Македонија

Од Wikisource
Р Е Ш Е Н И Е
на Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија како врховно законодателно и исполнително народно преставително тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија

Член 1


Основајќи се на суверената воља и правото на самоопределение на народот на Македонија, чии верни толкователи се представителите во ова Собрание, а во согласие со решениата донесени на ИИ заседание на АВНОЈ (Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија) во град Јајце - 29 ноември 1943 година - Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија (АСНОМ) се конституира во врховно законодателно и исполнително представително тело на Македонија и (на) македонската држава, како равноправна федерална единица во демократска Федеративна Југославија.

Член 2


АСНОМ (ја) врши законодателната и исполнителната функција на македонската федерална држава, до колку таја функција не ја префрлил на својот Президиум и на Народното правителство на македонската држава.

Член 3


АСНОМ го образуваат народните представители, без разлика на народност, вероисповедание, пол, раса и политическо-партијска припадност, кои се дали доказателство, оти ја прихваќат борбата за самостојателност и слобода на народот на Македонија и народно-ослободителната борба на сите останали народи во Југославија, а покрај това се непомирливи непријатели на окупаторот и неговите помагачи.

Член 4


Законодателната власт АСНОМ ја врши на своите пленарни заседанија, а во времето меѓу заседанијата таја власт ја врши преку Президиумот. Исполнителната власт АСНОМ ја врши преку својот Президиум и преку Народното Правителство на македонската држава.

Член 5


АСНОМ и Народното правителство на македонската држава се врховни органи на народната власт во македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија.

Имајќи (го) пак предвид сегашното развитие на народно-ослободителната борба и степенот на изградуењето на власта во обштата држава, а како уште ги нема сите условија за образуването на Народното правителство на македонската држава, функцијата на Народното правителство ќе ја врши времено ПРЕЗИДИУМОТ на АСНОМ.

Член 6


АСНОМ си избира свој Президиум, кој е саставен от претседател, два подпретседатела, два секретара и најмалку други 16 (шеснаесет) члена.

Член 7


За својата работа Президиумот одговара пред АСНОМ.

Член 8


Сите законодатели решениа на АСНОМ и неговиот Президиум се објавуваат со подписите на председателот и секретарот на АСНОМ, односно (на) неговиот Президиум.

Член 9


На територијата на Македонија важат законите на федералната македонска држава и законите на федеративна и демократска Југославија.

Член 10


До формирането на народното правителство на македонската држава при Президиумот на АСНОМ се образува нужен број отдели за разните гранки на државното управление.

Секој отдел се управљава от начелник на отделот. Началникот на отделот ги води работите на отделот, под раководството и контролата на член от Президиумот, на кого и одговара.

Член 11


Народното правителство на македонската држава, односно до неговото образование Президиумот на АСНОМ, има функцијата на народно правителство, основајќи се на решенијата на АСНОМ, а во согласие со решениата на АВНОЈ, како и заповедите и решениата на Националниот комитет на ослободуењето на Југославија, донесуе заповеди и решениа и (го) контролира нимното спроведуене во македонската држава.

Член 12


Народното правителство на македонската држава, односно до неговото образуване Президиумот на АСНОМ, има право да (ги) отфрли заклучениата и заповедите на сите народно-ослободителни одбори, ако не се во склад со законите на македонската држава.

Член 13


Работите на секое заседание на Собранието ги води Работното претседателство, изабрано само за това заседание. Ова претседателство е составено от претседател, подпретседател, два секретара и најмалку 5 члена.

За секое заседание се избира и верификациона комисија составена од 5 члена. Новото заседание го отвора Претседателот на претходното заседание, предлагајќи избор на ново работно претседателство.

Член 14


Ова решение влегува веднаш во сила.


Во манастирот “Св. Отец Прохор Пчински“ на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија.
Претседател:Методи Андонов - Ченто с.р.
Секретар: Љупчо Д. Арсов с.р.